Пожар го отежнува сообраќајот на патот Прилеп – Градско

0
639

Пожарот што избувна попладнево покрај регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на ресторан „Че“, се уште е активен и предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Гори шума и трева од двете страни на патот. Сообраќајот кој поради пожарот беше целосно прекинат, попладнево се одвива наизменично во двата правца.

АМСМ соопшти дека од 15:20 часот на регионалниот пат Р-1101 Прилеп-Градско, во близина на ресторан „Че“ поради пожар сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.