Пожар кај Лавци, ветерот го проширува

0
1203

Попладнево избувна пожар над Битола. Како што велат од противпожарната единица на Битола таму гори трева, нискостеблеста шума ( грмушки , смрека, млади дабови ). Пожарот бил пријавен во 15:30, а избувнал  кај м.в. Петочна вода кај црквата Св. Аранѓел во атарот на селото Лавци.

12992200_10208116749628054_1703773272_n

На интервенција прво заминало едно возило со четворица пожарникари. Заради ветерот кој го разгорува и проширува огнот, упатени се дополнителни две возила и други пожарникари.

13020585_10208116746667980_204730354_n