Пожар кај Македонски Брод и уште шест други низ земјава

0
267

фото: архива

Пожар зафати 20 хектари стрниште во тиквешко. Интервенираа два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот во Кондово и денеска е активен, таму е зафатена сува трева. Гори и во Куманово, а во прилепско ангажирана е војската. Пожар и во тетовското село Порој.
Оган зафати стрниште и во велешкиот регион, кај Чашка и Оризари. Вчера пак критично со пожарите беше во околината на Македонски Брод, Кочани и Пробиштип.