Пожар кај населбата Ушици во Битола

0
2069

Околу 17 часот во противпожарната единица на Битола било пријавено дека избувнал пожар кај населбата Ушици, односно на старите турски гробишта во Битола.

13734837_1254367124575968_322990250_n

Фотографиите се направени од зградите кај Белачешма, од каде може да се види чадот.

13734585_1254367211242626_1954690323_n

Не е првпат на оваа локација да се случи пожар. Речиси секое лето има опожарување на тревата, а надлежните апелираат на голема внимателност од страна на граѓаните во летниот период кога заради високите температури пожарите можеда да бидат чести.