Пожар на Бистра

0
365

Веќе една недела голем шумски пожар беснее на планината Бистра. Најпрво пожарот ја опфати сувата трева и ниско стеблестата и деградирана шума,а како одминуваат деновите а времето крајно му погодува, пожарот опфаќа се поголем простор, и веќе два дена зафатена е и буковата шума и ако наскоро не се интервенира во опасност ќе бидат доведени и селата Лавчани, Горно Добреноец и Душогубица, пишува Нова Македонија.

Од ППБ Кичево велат дека имаат информации за големиот пожар на Бистра, но дека нивните возила поради недостапноста на теренот не можат да интервенираат на огнената стихија и затоа досега не биле во можност да помогнат во локализација на  пожарот. Реагираат и селаните од неколку кичевски села, од каде убаво може да се забележи чадот од пожарот на Бистра.

Без коментари