Пожар на пазар во Лондон

0
459

Пожар ноќеска изби во лондонскиот пазар Кемден лок, но нема повредени лица. Засега не се знае причината за пожарот, кој е локализиран, јавуваат британските медиуми.

Лондонските пожарникари на „Твитер“ објавија дека пожарот зафатил три ката и покривот на Кемден лок. Не местото на пожарот имало 10 возила на брзата помош, а 70 пожарникари се бореле со огнената стихија.

Портпаролката на лондонската брза помош соопшти дека добиле повик нешто по полноќ по локално време и дека веднаш се испратени екипи за справување со пожарот. Таа соопшти дека досега никој не побарал медицинска помош.

Без коментари