Пожар пеплоса куќа во Битола

0
312

Голем пожар пеплоса куќа на улицата Караорман во Битола. Се случил околу 2 часот по полноќ, потврдија од противпожарната единица на Битола, каде што интервенирале. Пламените јазици ја уништиле речиси целата кровна конструкција, а општетувања има на целиот објект.