Пожар пеплоса куќа во битолско Алинци

0
862

Кобен бил 27 август четврток за семејството Ивановски од битолско Алинци. 63 годишната Олгица и 65 годишниот Сребре покрај трагедијата која ги снашла пред 4 и пол години, на овај ден уште една трагедија. Останаа без покрив над главата кога речиси до темел им изгоре куќата. Кои се причините за пожарот се уште не се знае, но се претпоставува дека настанал од спој во старата дотраена електрична инсталација. Олгица низ солзи раскажува за несреќата во која пламените јазици за половина час ја уништиле цела нивна животна печалба, а како што вели имала среќа таа што останала жива

„ Си гледав телевизија и наеднаш нешто од кровот почна да пука, дури да излезам да видам надвор што се случува, целиот покрив беше во пламен.Знам дека беше точно 11 часот. По трагедијата која што не снајде од загубата на нашиот син сега дали уште ова ни фалеше. Бев сама дома и незнаев што да правам, многу се исплашив “, изјави Олгица Ивановска

„ Јас бев тоа време по леб и наеднаш луѓето почнаа да викаат, Сребре оди дома твојата куќа гори. Неможев да поверувам дека тоа нас ни се случи. Побрзав дома кога ќе видам што ќе видам, веќе скоро цела куќа беше изгорена“, изјави Сребре Ивановски

И Олгица и Сребре се невработени, велат немале од што да живеат. Единствена надеж им бил тутунот но и тој годинава кој што успеле да го соберат околу 200 балиња, им го уништиле пламените јазици.

„ Пожарот ни го уништи и тутунот кој што годинава го имавме собрано, бидејќи ни беше на таванот. Немаме никави примања“, вели Сребре Ивановски

Моментално живеат во помошната летна кујна, а секој ден храна им носи баџанокот на Сребре

„ Секој ден доаѓам и им ги носам основните продукти кои што им се потребни. Апелирам до граѓаните секој да им помогне онолку колку што може“, изјави Илија Стојановски роднина на семејството Ивановски.

Во пожарна огнот го пријавиле соседите, која и покрај тоа што веднаш интервенирала од куќата останале само ѕидовите. Сеуште незнаат колку е проценета штетата на куќата а и немале никаква заштеда за да почнат нешто да прават. Апелираат до граѓаните колку толку нешто да им помогне.

Секој онај кој што сака да им помогне може да го стори тоа и на отворената жиро сметка

СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ
БРОЈ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 200002039101691
НА ИМЕ ДРАГАНЧО ИВАНОВСКИ