Пожар проголта московска фабрика

0
417

Огромен пожар избувна во подрумските простории на петкатна зграда на фабрика за машини во северозападниот дел од Москва, а огнените јазици се издигаа високо кон небото, јави Russia today.

 Пожарот, кој зафати 15.000 метри квадратни, според руското министерство за вонредни состојби, бил изгаснат околу 1 часот по полноќ во петокот.

Експлозии се слушале кога зградата била проголтана од огнот, јави ТВ каналот Russia24.

Експлозиите биле предизвикани од резервоари со бензин во приземјето, кои само го поттикнале огнот.

Огнената стихија била видлива на неколку километри од местото, а претставниците на итните служби велат дека ова е еден од најголемите пожари што се случиле во Москва во последните 25 години.

Според сведоци, противпожарните сили пристигнале околу 20.40 по локално време, а другите итни служби стигнале по пет минути.

Пожарот наскоро се проширил на две соседни згради на онаа каде избувнал пожарот.

Пожарникарите брзо ги зголемувале нивоата на комплексност на пожарот, а стигнале до четврто од пет можни нивоа. Дваесет и девет противпожарни тима со повеќе од 100 пожарникари се бореле со огнената стихија.

Зградата во која почнал пожарот се урнала од пожарот, јави Interfax, цитирајќи извори од итните служби.

Нема пријави за повредени.

Министерот за вонредни состојби дошол на местото на пожарот. Од мобилната хемиска лабораторија, која исто така пристигнала кај фабриката што горела, соопштија дека нивото на штетни матрии во воздухот е во граници на нормала./крај/рт/бб