Пожар проголта облакодер во Лондон, сѐ уште има заробени луѓе внатре

0
669

Повеќе од 200 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што зафати облакодер во западен Лондон. Има заробени луѓе во огнот и можен е колапс на зградата.

Според извештаите на британските медиуми, во ужасниот пожар што избувна по полноќ има околу 30 повредени. Сепак, некои жители се уште се заробени во 27-катната Гренфел Тауер и со запалки се обидуваат да им сигнализираат на спасувачите дека се живи. Од облакодерот и понатаму чади дим на сите страни. Евакуација во тек.

Раководител на Митрополит полицијата изјави дека повредените кои беа евакуирани претрпеле бројни повреди. Исто така, беше објавено дека на лице место има 40 противпожарни возила, како и голем број на екипи за брза помош.

Зградата има 120 стана, но не е познато колку луѓе имало во зградата, во времето на избувнувањето на пожарот. Според очевидци, некои луѓе од горните катови очајнички повикувале помош, според Ројтерс.

Се стравува дека зградата, која е речиси целосно во пламен, може да почне да паѓа. Затоа, беа евакуирани и жителите на околните објекти.

Медиумите известуваат дека се уште не е позната причината за пожарот, но се знае дека пожарот избувнал на вториот кат и за само 20 минути стигнал до врвот на облакодерот.

Се сомнева дека причината за пожарот може да се градежни материјали кои се користат за реновирање на зградата, кое траеше две години и неодамна заврши.