Пожар уништи 100 куќи во Западна Австралија

0
393

Пожар ја зафати шумата во западниот дел на Австралија, во близина на Перт, но освен материјална штета нема жртви, откако надлежните потврдија дека пријавените тројца исчезнати се најдени.

Пожарот што почна во четвртокот, во малото гратче Јарлуп, зафати површина од 58.000 хектари, носен од силни топли ветришта.

Околу 95 куќи се уништени во гратчето со 545 жители, заедно со поштата, пожарната и неколку дуќани.

„Имаме катастрофални загуби во Јарлуп“, вели Вејн Грегсон, командир на австралиската протипожарна служба.

Тројцата кои беа пријавени за исчезнати, се најдени здрави и живи, додека повеќето луѓе кои останаа на нивните имоти се евакуирани со хеликоптери.

„Едноставно, излезе од клонтрола… потоа се прошири, а беше многу страшно“, вели волонтер пожарникар.

Шумскиот пожар продолжува да им се заканува на другите помали гратчиња кои произведуваат говедско месо и млеко.

Една фирма пријави дека уништени ѝ се две производствени згради.