Пожар во бараки на Гранит во Битола

0
570

фото: архива

На 29.08.2016 година во 14.10 часот во Битола на ул.„Индустриски пат“, во бараките на градежната фирма „Гранит“, од засега непознати причини настанал пожар во кујната. Во пожарот целосно била опожарена кујната и трпезаријата во површина од околу 200-300 метри квадратни.
Во 17.30 часот, од екипи на Територијалната противпожарна единица Битола, пожарот е локализиран. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот, соопшти полицијата.