Пожар во болницата во Демир Хисар

0
1765

Доцна вечерва избувна пожар во психијатриската болница во Демир Хисар. Според информациите на Тера Тв се запалила зградата на поранешното женско одделение која сега не е во функција и која е во владение на државата односно општината. Во моментот на пожарот во објектот немало никој ниту пак имало електрична енергија, што ја исклучува можноста дека пожарот настанал од инсталацијата. Пожарот почнал од кровната конструкција и се проширил на вториот кат.

image

Без коментари