Пожар во хотел во турското летувалиште Кемер

0
736

Силен пожар избувна во хотел со пет ѕвездички во турското летувалиште Кемер на Средоземното Море, јави ТАСС, повикувајќи се на телевизијата „ХаберТурк“. Евакуирани се најмалку 400 лица.

„ХаберТурк“ соопштува дека пожарот избувнал околу 8.00 часот, во кујната на хотелот.

Како што јави телевиизјата НТВ, пожарот избувнал во просторија во која се сместени генераторите на хотелот, по што набрзо се проширил низ објектот.

По активирањето на алармот за пожар, од хотелот биле евакуирани сите гости и присутни и засега нема информации за евентуални жртви.

На местото на пожарот пристигнале неколку пртивпожарни возила, кои набрзо успеала да го изгаснат огнот.

Без коментари