Пожар во хотелот Риц во Париз

0
727

Во парискиот хотел Риц, кој во моментов се обновува, изутринава избувна пожар, пренесува МИА.

Според пожарникарите од Париз, кои интервенираа во 6 часот изутринава, од пожарот е зафатен последниот кат на хотелот, при што нема жртви, но површината опфатена од пожарот е голема.

Хотелот Риц, кој се наоѓа во центарот на Париз на плоштадот Ванодм, во моментов се обновува и нема гости. Затворен во 2012 година, првите гости требаше да ги прими во март годинава, но по денешниот пожар, сигурно е дека отворањето ќе биде одложено.