Пожар во Москва: Работници живи изгореа во складиште

0
297

Во пожарот во кој утрово изгоре складиште во северниот дел на Москва загинале 17 лица, а четворица се повредени потврдија московски претставници.

 „Пожарот избил во магацин со типографски производи“, наведуваат изворите и додаваат дека 12 лица се спасени.

Во текот на гасењето на пожарот, пожарникарите откриле дека една просторија целосно била отсечена поради огнот. Тие го пробиле ѕидот и внатре ги откриле телата на 16 луѓе“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесе Раша тудеј.

Според првичните сознанија, загинале работници од странство кои живееле и работеле во складиштето.