Пожар во плевна, огнот ја зафати и соседната куќа

0
661

На 27.08.2017 година во 00,15 часот во ПО-Кривогаштани, било пријавено дека во с.Подвис-прилепско, од засега непознати причини настанал пожар во плевна сопственост на С.Х. (47) од с.Житоше, во која изгореле 2.400 бали сено. Од пожарот изгорела и кровната конструкција од соседната селска куќа, во која живеел Ќ.Р.(61). Пожарот бил изгаснат од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица-Кривогаштани и Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Прилеп.

Без коментари