Пожар во Преспа

0
687

Пожарот кој во неделата избувна во близина на ресенското село Арвати, на потегот кон селата Брајчино и Сливница, ставен е под контрола, но пожарникарите од Ресен и вработените во јавното претпријатие “Македонски шуми” од Ресен сè уште се на терен.

Тие контролираат да не дојде до повторно активирање, бидејќи се работи за голем и непристапен простор од 300 хектари пасишта, дабова и букова шума.
Гасењето на пожарот одеше отежнато бидејќи се работи за огромен и недостапен простор. Интервенцијата на пожарникарите беше отежната зашто на тоа место има и поголемо количество пешадиска муниција, остаток од Првата светска војна, која претставува опасност за луѓето. Од огнот пукаа куршуми и бомби.

Без коментари

LEAVE A REPLY