Пожар во станбена зграда во Прилеп

0
586

Паника ги фатила станарите на станбен објект во центарот на Прилеп во 10 минути по полноќ кога пријавиле пожар и побарале помош од Противпожарната единица во Прилеп. Во пожарот изгореле 10 електрични броила, а станарите биле евакуирани со надворешни скали од покривот и од терасите на зградата. За среќа нема повредени, ниту голема материјална штета, само што луѓето се наголтале чад поради што имале тешкотии со дишењето и ги печеле очите. Но, велат од ТППЕ Прилеп, чиста среќа е што не избувнал пожар во ниту еден стан, бидејќи тогаш ситуацијата би била многу критична.

„Во таков случај ќе немаше спас за никој од станарите, зашто екипите на ЕВН доцнеа цели 45 минути. А, ние не можеме да интервенираме додека не се исклучи струјата“, вели Станко Колески, командир на ТППЕ Прилеп.