Пожар во центар за бегалци во Германија

0
422

Огромен пожар избувна во центар за бегалци во централна Германија, при што 19 луѓе се повредени, соопштија локалните медиуми.

Дваесет бараки за престој се зафатени од пламенот, а од видеото поставено на јутјуб се гледа како се издигнува густ црн чад.

Центарот е сместен во близина на малиот мешународен аеродром кај градот Касел.

Во бараките зафатени од пожарот живеат 120 од вкупно 800 азиланти. Најголем број од повредените се од задушување со чад.