Пожар во зграда во Битола, противпожарното возило блокирано

0
568

Околу 12 часот битолската противпожарна единица добила дојава за пожар. Избувнал на тераса во зградата над ТТК банка, во стан на вториот спрат. Како што велат од противпожарната едница се запалила скара. Предизвикани се оштетувања на инвентарот кој се наоѓал на терасата.

pozar 1

Пожарникарите ја завршиле својата работа, но пред тоа се соочиле со проблем. Нивното возило не можело да се приближи до објектот заради паркираните возила. Од таму велат дека често се соочуваат со проблем кога заради возила не можат да стигнат до местото каде што треба да интервенираат.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY