Пожар во зградата на руското Министерство за одбрана во Москва

0
269

Руското Министерство за вонредни ситуации испратило повеќе од 250 лица за гасење на пожарот во зградата на Министерството за одбрана во Москва, што прво беше локализиран, но потоа повторно се распламти и ги зафати сите катови, пренесува ТАСС.

-Сега на лице место во гасењето на пожарот учествуваат 253 лица и 72 возила, вклучувајќи и 17 подвижни скали, а тие ќе бидат и дополнително зголемени, соопштено руската агенција повкувајќи се на прес службата  на Министерството за вонредни ситуации и додава дека засега нема било какви податоци за евентуални жртви.

Пламенот е проширен на сите катови од зградата во центарот на руската престолнина. Стихијата зафати површина од 3.500 квадратни метри од зградата Знамењки, во центарот на Москва.