Пожари го зафатија Балканот

0
315

Неколку големи пожари денеска бесенат во јужна Грција, хрватското приморје и во делови од Херцеговина, објавија медиумите од балканскиот регион.

Повеќе пожари горат во јужните делови на Грција, меѓу кои поголеми на грчките острови Закинтос и Скирос и во близина на селото Дистомо на полуосторовот Пелопонез.

Властите соопштија дека противпожарните служби засега ги држат пожарите под контрола и нема опасност за нивно ширење кон населените места, пренесува МИА.

Грчката полиција соопшти дека на подрачјето близу Атина што во петокот беше зафатено од голем пожар, било пронајдено јагленосано тело на еден полицаец, кој е прва жртва на огнените стихии во Грција ова лето.

Хрватските медиуми јавија дека два големи пожари од синоќа беснеат во предлот Крижњак близу приморскиот град Трогир и близу местото Пругови, северно од Сплит.

Пожарите на ова подрачје досега уништиле околу 370 хектари површина со трева и нискостеблеста и борова шума.

Со пожарот крај Крижак се борат околу 40 пожарникари со девет противпожарни возила, додека со огнената стихија кај Сплит се справуваат 20-тина пожаникари.

Претседателот на сплитското Доброволно противпожарно друштво, Мирослав Бобан за ХИНА изјави дека пожарот кај Пругови, во неколку наврати се придвижувал кон блиските куќи, но дека пожарникарите го спречиле неговото ширење во тој правец.