Пожари во Албанија и Грција

0
310

Нови пожари избувнаа во последново деноноќие во повеќе делови на Албанија, како и на грчкиот остров Тасос.

Како што јави дописникот на МИА, само во последниве 24 часа во Албанија се регистрирани седум нови шумски пожари, во кои се уништени десеттици хектари борова и ниско стеблеста шума.

Во гаснењето на пожарите учествуваат 84 пожарникари, 17 противпожарни возила, 90 војници и голем број волонтери, потпомогнати од хеликоптери.

Во борбата со огнената стихија учествуваат и два грчки авиона, кои пристигнаа пред неколку дена по барање на албанските власти.

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати упати голема благодарност до неговиот грчки колега за помошта. – Помошта на соседна Грција во овој тежок миг е од клучно значење, посочи Бушати.

Во исто време, активни се уште десеттина пожари во недостапни планински предели во разни делови на Албанија

Home Page

Без коментари