Пожари во близина на Атина, евакуирани три села

0
489

Грчките пожарникари се борат со големи пожари, кои ги зафатија шумите во близина на главниот град Атина, и на југот на земјата, на полуостровот Пелопонез, поради што се евакуирани три села и два летни кампа.

 Шумскиот пожар во областа Лаконија на Пелопонез го разгорува силен ветар.

Брод на крајбрежната стража и други бродови се обидуваат да евакуираат десетина луѓе кои поради огнот се блокирани на плажа, но спасувањето е отежнато поради брановитото море.

Локалните медиуми јавија дека два летни кампа и здравствен центар во приморското место Неаполи се евакуирани.

Еден авион од ангажираните седум за гасење на пожарот, морал принудно да слета, но пилотите не се повредени, наведува противпожарната служба/

Ангажирани се и два хеликоптери, 120 пожарникари и 30 војници.

Во Атина голем пожар ги зафати околните ридови кои се со нискостеблеста шума, каде има повеќе станбени згради.

Силниот ветар дополнително го разгорува огнот, а во градот се крева густ чад.

Најмалку 45 пожарникари со 18 возила, еден авион и два хеликоптери учествуваат во гасење на пожарот, а помагаат и доброволци од други квартови.

Во големите пожари во 2007 година во Грција загинаа повеќе од 70 луѓе./крај/о/бб

 

Без коментари

LEAVE A REPLY