Пожари во близина на Лос Анџелес, евакуирани 5.000 луѓе

0
355

Околу пет илјади луѓе мораа да бидат евакуирани во саботата и неделата поради пожарите во близина на Лос Анџелес, во местото Калабасас каде што живеат голем број славни личности, како на пример семејството Кардашјан, Џесика Симпсон, Тони Брекстон.

Огнот избувнал во саботата попладнето по локално време и само 30 отсто од зафатената површина е изгасната во неделата вечерта, соопштија од противпожарната служба.

Се додава дека во гаснењето двајца пожарникара се повредени, а еден имал срцеви проблеми. Во справување со стихијата се ангажирани 400 пожарникари и хеликоптери за гаснење пожари.

Три пожара речиси истовремено букнале во областа во саботата, а главниот веројатно е поврзан со сообраќајна несреќа кога едно возило удрило во далновод.

Повеќе од 200 хектари шума и нискостеблеста вегетација се изгорени, две куќи се оштетени и еден трговски центар е уништен. Дел од евакуираните пет илјади луѓе во неделата можеле да се вратат во своите домови.

Меѓутоа, температурите близу 30 Целзиусови степени и ветерот се закануваат со пренесување на пожарот кон кањонот Топанга, северно до Лос Анџелес.

Евакуацијата во Калабасас е укината ноќта во неделата, но задолжителната евакуација за Топанга останува на сила. Локалните власти предупредија дека некои од 3.700-те објекти во Калабасас можеби уште ќе бидат без снабдување со електрична енергија./крај/мф/сн