Пожари во Хрватска и Црна Гора

0
501

Шумски пожари беснеат на јадранското крајбрежје во Хрватска и Црна Гора. Пожари има во близина на северните хрватски градови Пула и Шибеник, како и на островите Паг и Вир, североисточно од Сплит.

Хрватското крајбрежје, кое е посетувано од голем број туристи во текот на летото, често страда од шумски пожари и оваа година тие се посилни.

Силните северни ветрови го отежнуваат гаснењето, а властите предупредија да не се пали оган на отворено.

Два противпожарни авиони ги гаснат огнените јазици, кои се приближуваат до куќите во Бродарица, близу Шибеник. Во јужна Хрватска во близина на црногорскиот град Херцег Нови беше издадена наредба за евакуирање на локалното население.

Пожари се регистрирани и во регионот на црногорскиот главен град Подгорица.