Пожари во Шпанија и Португалија

0
363

Околу 300 лица од островот Мадеира и во јужна Португалија беа евакуирани синоќа поради шумски пожари, кои стигнаа до тие области, откако беснееја претежно во северниот дел на земјата.

На Мадеира неколку куќи беа уништени од пожари во околината на главниот град на архипелагот Фуншал, а околу 250 лица беа евакурани во воени објекти.

Во јужната португалска општина Силвеш околу 50 жители исто така беа евакуирани како мерка за претпазливост поради шумски пожар, кој беше изгаснат рано изутринава, со учество на над 350 пожарникари и стотици противпожарни возила. Нема настрадани, ниту е причинета значителна материјална штета.

Северна Португалија сепак останува најпогодена од пожарите.

Околу седум проценти од територијата на шпанскиот канарски остров Палма се опожарени од шумскиот пожар, кој избувна на 3 август. Изгореле над 4.800 хектари шума, што е околу 6,8 отсто од површината на островот.