Пожарот кај Трескавец повторно е активен

0
400

Пелагонски плански регион

Пожарот во близина на с.Крушевица е сеуште активен во високиот непристапен терен, каде е зафатена деградирана шума. Ангажирани се лица од ЈП „Црн Бор„-Прилеп и лица  од месното  население.

Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен. Во правец на с.Забрчани гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ-Прилеп и месно население.

Пожарот кај с.Никодин се уште е активен во уредена шума, во правец на с.Фариш. Во гасењето ангажирани се вработени од ЈП МШ „Црн Бор„-Прилеп.

Југозападен плански регион

Пожарот кај м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина е сеуште активен. Гори сува трева и смрека и ниско стеблеста деградирана дабова шума. На терен се наоѓа екипа на ШС „Лопушник“ заради преземање одредени мерки за локализирање на истиот.

Пожарот во атарот на селата Растеш, Заград и Волче сеуште е активан. Гори дабова шума, смрека и висока сува трева. Во атарот на село Растеш во моментов се ангажирани лица од месното население, Шумското стопанство и лица од Општина Македонски Брод.

Пожарот во атарот на село Грешница во моментов е под контрола и обиколен со заштитен појас. Во средината гори деградирана нискостеблеста шума, смрека. На пожарот во атарот на село Грешница ангажирани се лица од ШС М.Брод.

Појавен е шумски пожар во планинскиот дел близу с.Богојци кон правецот на с.Татеши. Пожарот е активен и зафатена е нискостеблеста и дабова шума. На негово гаснење дејствуваат екипи на ТППЕ-Струга и ЈСШП Јабланица – Струга.

Повардарски плански регион

Пожарот кој во текот на вчерашниот ден од подрачјето на општина Прилеп навлезе на подрачјето на општина Чашка во атарот на с.Смиловци и Попадија, во делот на с.Смиловци е изгасен. Во текот на денешниот вработени во ШС Бабуна гасат во атарот на с.Попадија. Опожарената површина е со сува трева и нискостеблеста шума.

Пожарот во атарот на с.Галиште е активен. Исто така, пожарот во месноста Мушов Гроб е активен во карпест и непристапен реон. За негово гасење во текот на денот ангажирани се вработени на ШС Бор Кавадарци.

Северен (скопски) плански регион

Пожарот кај Гумалево  (Дејковец), кој се протега над с.Дејковец кон с.Гумалево е активен. Екипите и во текот на денешниот ден продолжуваат со активностите за негово гасење(Општина Зелениково)

Пожарот помеѓу селата Никиштани и Грачани е активен, каде што гори мешана шума. Во гасењето на пожарот учествуваше и БППЗ на град Скопје (Општина Ѓорче Петров).

Тетовско-полошки плански регион

Пожарот во с.Гургурница-ЕЛС Брвеница, по вчерашните интервенции од страна на вработени во ЈП Мак.Шуми, ДЗС Тетово,мештаните и 5-6 пати од воздух,е под контрола. Се работи на гаснење на сува трева и нискостеблести жбунести растенија. Вработените во ДЗС, Мак.Шуми и мештаните, цела ноќ се на терен и го следат и контролираат огнот.

Пожарот во с.Корито-ЕЛС Гостивар, каде е зафатена сува трева и нискостеблести жбунести растенија, е под контрола и будно се следи опожареното место, но не е целосно угаснат. Направен е појас околу огнот, за да не се шири.

 

 

 

 

Без коментари