Пожарот на островот Тасос продолжува

0
213

Пожарите на грчкиот остров Тасос уште не се изгаснати.

Два хеликоптери се мобилизирани од рано наутро, за да го изасат огнот. Во гаснење на пожарот учествуваат 36 пожарникари со 14 возила и 44 волонтери. Властите на островот соопштија за повредени лица. Евакуирани се жители на населбата Казавити.

Во текот на изминатата ноќ се изгорени и куќи. Огнот најверојатно е предизвикан од гром.
Има четири  жаришта, а силните ветрови пречат за гаснење на пожарот и го шират. Огнот тргнал од село Принос чии жители беа евакуирани. На места огнот стигна на само 200-300 метри од градбите. Пожари беснеат и на Атон.

Пожарот е налик на оној од 1985 година, кога огнот уништи голем дел од шумите на островот.