Пожарот од Форт МекМареј се прошири на соседната покраина

0
378

Големиот шумски пожар од околината на градот Форт МекМареј во западната канадска покраина Алберта, и натаму се шири и ја минал границата на соседната покраина Саскачеван, соопшти локалната противпожарна служба.

Во пожарот во Форт МекМареј, кој и натаму е надвор од контрола, изгореле повеќе од 5.050 квадратни метри шума, од коишто 820 квадратни метри во последните 24 часа. Изгорената површина двојно се зголемила во последната седмица, изјави Чад Морисон директор на противпожарната служба во Алберта.

Потпирајќи се на податоци добиени преку сателитски снимки, Морисон оценува дека пожарот уништил повеќе од 700 хектари терен во Саскачеван. Пожарот уништил 80 километри источно и се проширил на покраината, па во моментов е на 40 километри од гратчињата Клирвотер Ривер и Ла Лош.

Поради пожарот кој избувна на 1-ви мај во шумата во предградие на Форт МекМреј, евакуирани се речиси 100.000 луѓе од овој град и околината познати по бројните нафтени постројки.

Во Форт МекМареј пожарникарите во четвртокот и натаму успеваа да го сопрат ширењето на огнот кон нафтените наоѓалишта северно од градот.

Во градот се обновува инфраструктурата па од 1-ви јуни првите жители би можеле да се враќаат на доброволна база, изјави премиерката на Алберта, Рашел Нотлеј./крај/мф/сн