Пожарот во Кондово се уште е активен

0
194

Пожарот што синоќа го зафати скопското село Кондово се уште е активен. Од ЦУК информираа  дека околу селото е направен заштитен појас за да се спречи ширењето на пожарот.

Според информациите на надлежните институции, пожарот нема зафатено куќи во селото, а пожарникарите продолжуваат со гаснењето.

Во гаснењето на пожарот учествуваа 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на Територијалната противпожарна единица и 50 лица од месното население.

http://www.alsat-m.tv