Пожарот во највисоката станбена зграда во Дубаи

0
537

Голем пожар избувна набрзо по полноќ во една од највисоките станбени згради на светот, што се наоѓа во Дубаи, јави Еј-Би-Си Њуз.

Противпожарните екипи го изгасија огнот во четири часот утрово, а во моментов работат на „ладење“ на висококатницата. Очевидците раскажуваат дека огнот се вижел надолу по зградата.

– Спиевме кога не разбудија сирени и врисоци. Ни беа потребни 10 минути да истрчаме од 50-от кат надоле. Беше баш страшно, пожарот изби во еден часот по полноќ – рече еден од станарите.

Во пожарот нема загинати или повредени лица.

Облакодерот има 86 ката и е висок повеќе од 300 метри.

Зградата еднаш веќе гореше во 2015, а пожарот изби на 50-от кат.

Без коментари