Позитивен одговор на иницијативата за концертна сала во Офицерскиот дом

0
621

„ Иницијативата која што беше спроведена на Интерфест на класична музика каде се сообираа потписи за обновување на Концертната сала во Офицерскот дом во Битола, наиде на позитивен одговор од страна на Министерството за култура“ изјави за Тера телевизија Милица Шперовиќ -Рибарски уметнички директор на фестивалот.

Како што вели таа, во петокот добила писмо од Министерството за култура во кое е наведено дека министерството за култура ќе ги испита сите можности за реализирање на оваа иницијатива и дека истата има реална шанса да се најде во предлог програмата.

Шперовиќ-Рибарски им се заблагодарува на сите битолчани, љубители на класичната музика, пријатели на фестивалот Интерфест, што со нивните потписи кои ги дадоа на ланскиот фестивал, ќе можат да ја реализираат оваа идеја и Битола да добие преубава концертна сала во како што вели, еден од најубавите објекти.