Позициите во ОПЕК остануваат поделени

0
268

Позициите во ОПЕК остануваат поделени ден пред состанокот на министрите.

По 10-часовна средба вчера Ирак и Иран продолжиле со своето противење на зделката.

Официјалните претставници на ОПЕК (Организацијата на земјите извознички на нафта) не успеаја да ги премостат разликите околу договорот за намалување на производството и ревитализација на цените на нафтата. Во исто време Русија изјави дека не планира да присуствува на виталните разговори утре, соопшти Bloomberg.

Денеска на само еден ден пред министрите од ОПЕК да се состанат за да го финализираат првото намалување на приносот од осум години, основите за постигнување на договор изгледаат разнишани.

Предложениот договор би требало да го намали производството за 1,2 милиони барели на ден во однос на нивото од октомври, иако  не е јасно дали идејата ќе биде поддржана.

Фјучерси на нафтата сорта Брент се намалуваат со 1,34% до 48,55 долари за барел, а на американската сурова нафта – со 1,30% до 46,47 долари за барел.

Без коментари

LEAVE A REPLY