Познат е идентитетот на сопственикот на „заставата“, прекинот на телефоните нема врска со овој инцидент

0
1368

Полицијата го утврдила идентитетот на сопственикот на возилото „застава пикап” кое вчера било паркирано пред Амбасадата на САД и предизвикало сомневање кај безбедносните служби на амбасадата. Од таму информираат дека вчерашниот прекин на телефонските линии не бил поврзан со сомневањата дека во возилото имало експлозив.

По пријавата од американската амбасада, вчера припадници на единиците за антитероризам на МВР го провериле паркираното возило и го однеле на дополнителна проверка. Експлозив не бил најден, а полицијата не го соопштува идентитетот на сопственикот на возилото „застава пикап“.

И од Амбасадата на САД информираат дека постоело сомневање дека во возилото имало експлозив и затоа била повикана полицијата. Во врска со прекинот на телефонските линии, од амбасадата велат дека тоа не било поврзано со овој изолоиран инцидент.