Познат идентитетот на застреланиот фудбалер во Аеродром

0
1432

Дваесет и петгодишниот Мартин Јанушев е фудбалерот кој попладнево околу 18 часот беше застрелан во населбата Аеродром, пишува Фокус.

Јанушев бил застрелан пред локалот Ред кафе. Очевидци велат дека бил застрелан со 4-5 куршуми во главата и во вратот. Случајни минувачи го качиле во автомобил и го однеле во Градска болница, каде сега му се врши операција.

Неофицијално, полицијата веќе го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него.