Познат милионер загина во падот на авионот во Словенија

0
913

Во авионската несреќа која се случи вчера во Словенија, загинаа четворица луѓе, меѓу кои и германскиот бизнисмен, сопственик на интернет гигантот „Унистер“.

Познатиот милионер Томас Вагнер (38) загина кога приватен авион на летот Венеција – Лајпциг се сруши на западот на Словенија.

Компанијата на милионерот има седиште во Лајпциг, а успешно соработува со неколку познати веб портали.

republika.mk