Позната главната ѕвезда на годинешниот „Пивофест“

0
1551

Според официјалната веб-страница на „Пивофест“, прилепскиот фестивал на пивото и скарата годинава ќе се одржува од 14-17 јули. За овој 14. по ред „Пивофест“, се уште не е позната целосната и конкретната програма на изведувачи, но на својата официјална страница на „Фејсбук“, Аца Лукас веќе го најави своето гостување.

Српскиот пејач соопшти дека во Прилеп ќе пее претпоследната вечер, а летово ќе гостува и во Струмица и во Кавадарци.