Прашања до политичарите како функционира општината

0
804

На денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ, Димитровски на новинарските прашања одговори дека тие биле во контакт со градоначалникот на Битола околу тековните прашања, а што се однесува до прашањето за тоа кој ќе го замени Талески, Димитровски рече дека ќе се постапува согласно Законот за локална самоуправа и позитивните правни прописи. На прашањето кој ги потпишува решенијата во општината и во делот на финансиите, тој рече дека тоа е прашање кое што спаѓа во формално-правна процедура која што може единствено општинската администрација да одговори.

Денеска на пресот и на ЛДП Корлевски беше прашан околу функционирањето на општината. Тој вели дека колку што ним им било познато во домот на Талески не може да одат други луѓе, освен блиските роднини, бидејќи така налагал законот и оттука и нивното барање за седница на советот на која ќе се реши оваа ситиција за да не се случело блокирање на работата на општината.