Пратеник фрлил солзавец во косовскиот парламент

0
202

Пратеникот на партијата Движење за самоопределување Албин Курти фрлил солзавец денеска во салата на парламентот на Косово по продолжувањето на седницата, која утрово била блокирана од опозицијата.

Само што пратениците се вратиле во парламентарните клупи и претседателот на парламентот, Кадри Весељи, ја продолжил седницата, Курти фрлил солзавец, по што просторијата се исполнила со чад. екои од пратениците имале проблеми со дишењето, а една пратеничка и се онесвестила, па со амбулантно возило била пренесена во клиничкиот центар во Приштина. На седницата присуствувале и претставници на меѓународната заедница, меѓу кои и претставникот на Канцеларијата на ЕУ на Косово, Самуел Жбогар, кој се нашол среде чадот и во многу тешка ситуација бил изнесен од парламентот.

Без коментари

LEAVE A REPLY