Пратениците ги изгласаа Законите од Пржино

0
312

По неколкучасовни расправии и предоговарања во Комисии пратениците  ги изгласаа измените и дополнувањата на петте закони кои ги договорија во Пржино четирите најголеми политички партии.

Станува збор за измени на законите за внатрешни работи, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за кривична постапка, за Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка.

Овие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Предлагачи на законите беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Илија Димовски и Горан Сугарески, заменик -координаторот на пратеничката група на ДПА Беким Фазлиу и пратеникот Артан Груби од ДУИ.