Пратениците гласаа против укинувањето на екстерното тестирање

0
487

Парламентарното мнозинство вечерва гласаше против предложените измени во законите за основно и средно образование поднесени од опозициските пратеници на СДСМ кои, меѓу другото, бараа укинување на екстерното тестирање.

За опозицијата по воведувањето на екстерното тестирање состојбите во образованието не се подобриле, туку се влошиле.

 За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ воведувањето на екстреното тестирање е дел од реформите насочени кон подобрување на квалитетот на образованието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се согласни да се разговара за подобрување на моделот на екстерното тестирање, но не и за укинување.
www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY