Пратениците гласаа за измените во Изборниот законик

0
349

Со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ синоќа пратениците по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик. Ова беше дел од последниот договор што четирите партии пред три дена го постигнаа во врска со спроведувањето на обврските од договорот од Пржино и излез од политичката криза.

Со овие измени Државната изборна комисија (ДИК) ќе изврши дополнителна проверка 39.502 гласачи, кои ќе треба активно не се регистрираат. Во спротивно ДИК го има правото овие гласачи да ги избрише. Оние гласачи кои се во странство, а имаат лична карта во Македонија (171.500) ќе бидат ставени на дополнителен избирачки список и за нив не е спорно правото на глас.