Пратениците ја формираа комисијата за импичмент на Иванов

0
565

Зоран Илиоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на комисијата за оценување на основаноста на предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција. Во комисијата ќе членуваат уште пет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, по двајца членови ќе има од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.

Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција беше поднесен од пратениците на СДСМ и на ДУИ. За овој состав на комисијата гласаа 52 пратеници, а против беа 33. Oваа ад-хок комисија има рок од 7 дена да поднесе извештај, по што Собранието има рок од 7 дена да закаже расправа за извештајот.

„Извештајот на комисијата треба да биде врз основа на изнесените аргуементи. Комисијата да работи согласно Уставот и позитивните законски прописи за да може да ја исполни својата задача и извештајот што ќе го подготви да не биде политизиран“, рече пратеникот Антонио Милошоски.

За СДСМ составот на комисијата не е соодветен.