Пратениците ќе го разгледуваат предлогот за импичмент на Иванов

0
463

На 105-та седница во Парламентот денеска од 12 часот ќе се разгледува предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов кој го поднесе опозициската СДСМ, а го поддржија и пратениците на ДУИ.

На досегашните расправии се судруваа мислењата на власта и опозицијата, односно Комисијата за оценување со шест гласа „за“ и четири „против“ оцени дека предлогот за импичмент е неоснован.

За да помине предлогот за одговорност за Иванов, треба да го поддржат 82 пратеници. Доколку Собранието го изгласа извештајот, за иницијатива за импичмент треба да се произнесе и Уставниот суд.

Инаку, предлог за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија е поднесена од пратениците: Рената Дескоска, Софија Куновска, Стефан Богоев, Лидија Димова, Петре Шилегов, Љубиша Николиќ, Благоја Стојановски, Марјанчо Николов, Ален Георгијев, Јагода Шахпаска, Миле Андонов, Мира Стојчевска, Хари Локвенец, Панче Орцев, Бетиане Китев, Сашо Поцков, Милева Ѓоргиева, Горан Сугарески, Марјан Даскаловски, Васко Ковачевски, Томислав Тунтев, Билјана Настеска, Јован Митрески, Јулијана Силјановска, Стојко Пауновски, Горан Мисовски, Љубомир Јосифовски, Соња Мираковска, Горан Милевски, Дуфе Кукоски, Енес Ибрахим, Павле Трајанов, Роза Топузова Каревска, Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Зулфи Адили, Талат Џафери, Рафис Алити, Рамиз Мерко, Шпреса Хадри, Ејуп Рустеми, Муса Ибраими, Мирван Џемаили, Каљтрина Азизи, Реџаил Исмаили, Нора Алити, Јамин Синани, Селвије Салиу, Мирсада Асани Емини, Ермира Мехмети, Џеват Адеми и Вјолца Мехмети Нуредини.