Пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на Собранието

0
438

Сите рокови се пробиени, трпението на граѓаните е при крај а длабоката политичка криза треба побрзо да заврши.

Вака опозицискиот лидер ја почна прес конференицјата која е во тек.

Заев побара Уставниот суд веднаш да се изјасни за уставноста за Законот за СЈО.

Се додека  Уставниот суд не се изјасни за оваа уставност, Заев рече дека пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на Собранието.

Тој истакна дека пратениците имаат обврска да учествуваат во заштита на институцијата симбиол на правдата и вистинската борба против криминалот што едногласно ја изгласале.