Пратениците прифаќаат породилното да трае 12 месеци?

0
2231

Граѓанската иницијатива за измена на законот за работни односи, со која се бара зголемување на времетрањето на породилното отсуство од 9 на 12 месеци, предизвика широка дебата кај пратениците на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во името на 270-те граѓани кои се потпишале за доставување на овој предлог зборуваше овластениот предлагач Снежана Кузмановска, која рече дека дека овој пропуст е ненамерна грешка.

„Ние не ги знаме процедурите, се фокусиравме на суштината, како и на тоа како таа најбрзо да стигне до законодавниот дом. Но,сепак, сум задоволна што има широка подддршка од пратениците”, рече Кузмановска.

Иако пратениците од сите политички партии дадоа подршка, не успеаја да се договорат како ќе гласаат.