Пратениците расправаа до 3,30 часот утрово

0
1442

Рано утрово во 3,30 часот беше прекинато продолжението за собраниската седница, а за денеска во 13 часот претседателот на Собранието закажа нов собир на пратениците.

И пополноќното продолжение помина во меѓусебни реплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. На ова претседателот на Собранието Талат Џафери забележа дека е некоректно пратеници од иста политичка партија сами на себе да си реплицираат.

На дневен ред е спроведувањето на буџетот за 2016 година, за што опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека се работело домаќински, иако Македонија била во голема политичка криза.

За пратениците на СДСМ завршната сметка на буџетот покажува многу нерационални трошења.

Џафери на компјутерите пред своето биро постави пораки на хартија наменети за пратениците: „Тишина молам“, „Забрането спиење на пратеници“ и „Не е препорачливо да го разбудиш заспаниот лав“.

Претходно, Собранието одлучи предлог законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2017 година да се донесе по скратена постапка.

За министерот за финансии Драган Тевдовски овие дополнувања се за зајакнување на принципот на транспарентноста  при користењето на наменските планираните средства, согласно јасно дефинирани услови и критериуми, утврдени во Програмата донесена од Владата.

www.mkd.mk

Без коментари