Пратениците се пишманат, ќе возиме со светла и преку ден!

0
1116

Обврската да се вози со запалени светла преку ден најверојатно ќе остане во примена.
Денеска пратеничката група на владеачката партија најави дека ќе поднесе амандман со кој ќе бара и натаму да остане обврската возилата да се управуваат со запалени светла и дење, бидејќи како што образложуваат така се зголемува безбедноста во сообраќајот.
Поддршка овој амандман доби и од независната пратеничка Роза Топузовка Каревска која вели дека одредбата треба да претрпи одредени измени и дека најдобро би било обврската да остане.
На денешната јавна дебата пратениците дебатираа за законските измени во законот за безбедност на сообраќајот на патиштата при што беа споделиени повеќе забелешки за законот како од пратениците така и од претставници на здруженија.
Нола Исмајловска-Старова смета дека оваа одредба треба да остане, но и дека треба да се разгледа одредбата која се однесува на малолетниците кои сакаат да добијат дозвола за управување автомобил, но и други членови од законот.
„Безбедноста во сообраќајот е зголемена кога се вклучени светлата на возилото“, смета пак претставник на Мото заедницата Благоја Мартиновски.